АктуелноБоксДомашна сцена

Арабел Рустемовски, бронзен медалист на ЕП за јуниори: Целта ми е да се квалфикувам и да ја претставувам Македонија на СП и на Олимписките игри

Арабел Рустемовски на Европското јуниорско бокс првенство во Нови Пазар, Србија, минатиот месец освои бронзен медал, со што се запиша во историјата на македонскиот бокс.

Бронзата силно блесна на градите на младиот боксер Арабел извојува две победи, а за малку не успеа да се пласира во финалето.

Со освојувањето на бронзениот медал боксерот на Пелистерски јунак, Арабел Рустемовски се запиша во историјата на македонскиот бокс и се нареди до имиња како што Примислав Димовски, Фатон Салиху, Дарко Чатлески, Денис Георгиевски, Ардијан Аземи и Петар Арсовски.

Првиот медал на европските првенства за Македонија е освоен од Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон Салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените. Во 2020 година Ардијан Аземи во Будва, Црна Гора, го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција, прв за Македонија кај јуниорите. Петар Арсовски на ЕП за млади во Софија, 2022 година, се закити со бронза.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.

Арабел се одмори и сега се подготвува за новите предизвици во сезоната што следува. Како беше на ЕП, што планира, Арабел зборуваше за Ипон.

Лесно ли беше да се стигне до медалот?

-Не би рекол дека беше лесно. Секоја борба беше предизвик – и физички и психички. Работевме напорно месеци наназад, со строга дисциплина и посветеност. Медалот е резултат на таа работа, но секој чекор беше заслужен.

Во полуфиналето загуби, но според зборовите на твојот тренер, имало пристрасност од судиите. Можеше ли повеќе во таа борба?

– Искрено, чувствував дека го дадов максимумот, но и дека борбата беше многу тесна. Секако, кога има сомнеж за судиска пристрасност, не е лесно да го прифатиш поразот. Но, тоа е дел од спортот. Ќе се вратам посилен.

Медалот го посвети на клубот. Зошто?

-Затоа што клубот е мојата втора фамилија. Оттаму почнав, таму пораснав и тие секогаш беа зад мене – и кога победував и кога губев. Овој медал е резултат на тимска работа.

Постигна голем успех и се нареди до имиња кои освоија медали за Македонија на претходните ЕП. Што значи ова за тебе?

-Огромна чест е да бидам во друштво на тие имиња. Тоа ми дава мотивација, но и обврска да продолжам со уште поголема посветеност и да ги бранам боите на Македонија уште многу пати.

Имали натпревар во меѓу браќата Рустемовски кој ќе освои повеќе медали?

-Секако! Тоа ни е како внатрешна мотивација. Секогаш се бодриме, но и се „боцкаме“ на шега кој ќе биде подобар. Тоа не прави и подобри спортисти.

Потекнуваш од боксерска фамилија. Колку тоа беше поттик да почнеш да се занимаваш со бокс?

-Голем поттик. Боксот кај нас е традиција. Растев гледајќи ги постарите како тренираат и се натпреваруваат. Некако природно беше и јас да влезам во рингот.

Која е твојата следна цел? Со што друго се занимаваш, односно те интересира покрај боксот?

-Светско првенство и Олимписки квалификации. Целта ми е да се квалфикувам и да ја претставувам Македонија на најголемата спортска сцена.

Кој ти е бокс идол?

-Џервонта Дејвис– поради неговата експлозивност и менталитет на борец. Но, и Васил Ломаченко, поради техниката и интелигенцијата во рингот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON