АктуелноБоксПрофесионален

Ваков талент ретко се раѓа! Мозес Итаума е новиот Мајк Тајсон, погледнете како го уништи Вајт! (ВИДЕО)

По возбудливата воведна програма на големиот боксерски настан во Ријад во главната борба на вечерта.

Младата британска ѕвезда Мозес Итаума т со брутален нокаут во првата рунда го победи ветеранот и поранешен предизвикувач за титулата во тешка категорија Дилиен Вајт.

По почетното испитување тест на силите, Мозес на половина од рундата префрли во поголема брзина и со серија удари добро го потресе Вајт.

Дилиен почна да го губи тлото под нозете, а потоа следеа уште неколку удари и сè беше завршено.

Тоа беше 13-та победа во кариерата за непоразениот Итаума и 11-та што ја доби со нокаут!

Тој дефинитивно е најталентираниот тешкаш на денешницата. Многумина почнуваат да го споредуваат со Мајк Тајсон, бидејќи Тајсон исто така забележа импресивни победи со нокаут на толку млада возраст. Може да се видат одредени сличности, а со оваа победа Итаума докажа дека е подготвен за најтешките тестови во неговата кариера. Дали тоа ќе биде меч за титула или борба против еден од паднатите великани како Ентони Џошуа, Дионтеј Вајлдер, Тајсон Фјури или Даниел Дубоа, времето ќе покаже. Ова момче е подготвено за сè и во блиска иднина би можело да стане најлегитимниот кандидат да го победи големиот Александар Усик, доколку Украинецот е сè уште активен на боксерската сцена.

Фото: Leigh Dawney (Queensberry)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON