ПФЛ 9: Лиз Кармуш и Марсирли Алвеш со победи на Гран при, спектакуларни борби во Шарлот

Светскиот турнир ПФЛ 9 понуди возбудливи финалиња за Гран при 2025, како и мноштво интригантни прелиминарни борби пред навивачите во Шарлот, САД.
View this post on Instagram
Гран при борби
Во бантам категорија Бразилецот Марсирли Алвеш го победи Џастин Ветцел со едногласна одлука – (49-46, 48-47, 48-47).
Во мува категоријата кај жените, 41-годишната ветеранка Лиз Кармуш покажа класа и искуство, сопирајќи ја 39-годишната Џена Бишоп со технички нокаут во третата рунда.
Прелиминарни борби
Лесна категорија: Роберт Вотли го победи Џастин Ветцел со технички нокаут во третата рунда.
Женска мува категорија: Јулијана Веласкез победи со едногласна одлука над Екатерина Шакалова (30-27, 29-28, 29-28).
Лесна категорија:Бјаџо Али Волш (внук на легендата Мухамед Али) го нокаутира Адријан Гранди во третата рунда.
Женска мува категорија: Сабрина де Соуза доминираше над Сарај Ороско – едногласна одлука (30-27 ×3).
Лесна категорија: Ренат Хавалов постигна технички нокаут во првата рунда против Вилсон Ндрегиони.
Велтер категорија: Крис Миксан победи со технички нокаут во првата рунда против Кендли Сент Луис.
Лесна категорија: Дамиен Нелсон го победи Исаија Дигс со контроверзна поделена одлука (29-28, 28-29, 29-28).



