Еди Херн открива кој би можел да биде следниот противник на Еј Џеј: Ова е многу опасен меч за него

Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа загуби со нокаут од Даниел Дубоа во септември минатата година и оттогаш не стапнал на рингот.
Златниот олимписки шампион од Лондон 2012 година моментално се опоравува од мала операција на лактот што ја имаше пред неколку месеци и наскоро треба да почне сериозно да тренира.
Љубителите на боксот би сакале да го видат Еј Џеј во голема британска пресметка против Тајсон Фјури. Сепак, „Џипси Кинг“ сè уште тврди дека е пензиониран и нема интерес да се врати во акција.
Според новите информации, Џош би можел да се врати на рингот дури следната година, но засега нема сериозен противник на повидок освен можеби популарниот јутјубер Џејк Пол.
Боксерскиот промотор Еди Хeрн открива дека имал неколку состаноци со промотивната компанија на Пол, МВП, каде што имало сериозни дискусии за можен дуел меѓу Џејк и Еј Џеј.
„Прво сакав да бидам сигурен дали Џејк Пол навистина сака борба против Еј Џеј или е само трик за публицитет. Сега сум 99 проценти сигурен дека сака да се бори против Ентони… И морам да истакнам дека Џејк Пол во моментов е главен кандидат за противник на Џошуа, а нивната борба би можела да се случи во февруари или март следната година“, рече Еди Херн.
Херн е свесен за опасноста што ја носи оваа борба, но кога ќе се земе предвид потенцијалната сума на хонорарот, тогаш вреди ризикот.
„Нагласувам, мислам дека е многу опасна борба за Џејк Пол. Борбата веројатно нема да биде особено привлечна, но можеби Џејк ќе направи нешто и ќе им докаже на сите дека грешат. Но, сите ќе видат како Еј Џеј го уништува Џејк Пол. Ова не е борбата што ја бараме и не е онаа што ја очекувавме. Не мислев дека таа борба некогаш ќе се случи, но исто така разбирам дека може да биде многу профитабилен настан комерцијално“, рече Еди Хирн и додаде:
„Едноставно е лудо… Ако Еј Џеј се бореше против Џејк Пол во следната борба, тоа би било огромен хаос. Нема сомнение дека тоа е веројатно најголемата борба со плаќање по гледање што може да се случи во боксот во моментов. И кога ќе се земе предвид сè, јасно е зошто тоа би можело да се случи“.



