АктуелноМеѓународна сценаММА

Педи Пимблет чека повик за борба со Илија Топурија

Педи Пимблет чека повик за борба против Илија Топурија.

На социјалните мрежи, „Лошиот“ изјави дека е подготвен да се бори за титулата во лесна категорија. На крајот на јуни оваа година Топурија го нокаутира Чарлс Оливеира и ја освои испразнетата титула во лесна категорија. Веднаш потоа, Педи влезе во кафезот за да се соочи со „Матадорот“.

На овој начин, двајцата ја рекламираа борбата. Арман Царукјан и Џастин Гејџи беа во салата, но очигледно нема да добијат шанса за појаост. На официјалниот профил на УФЦ беше споделен повик од Пимблет, кој напиша дека очекува Дана Вајт и неговите луѓе да ја организираат борбата со Илија.

„Само го чекам тој повик. „Ел Чоризо“, доаѓам по тебе“! напиша Пимблет, а УФЦ го рекламираше тоа.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON