АктуелноБоксДомашна сцена
Кадетската бокс репрезентација на завршни подготовки на Златибор пред Европското првенство

Кадетската бокс репрезентација ги продолжува подготовките на Златибор во Србија до почетокот на Европското првенство каде и што ќе се одржи шампионатот со почеток од 20 јули под покровителство на ЕУБЦ.
Ќе потсетиме дека Златибор беше база за подготовки на кадетите и јуниорите пред почетокот на ЕП за јуниори во Нови Пазар, Србија, на кое Арабел Рустемовски освои бронзен медал, а потоа продолжија во Охрид под раководство на тренерот Ѓорги Ѓоргиев од БК Штип. Сега репрезентацијата ќе ја предводи тренерот Петар Чурлиновски од БК Пинк пантер тим.
Македонија на ЕП ќе настапи со следните боксери: Шаин Реџеповски, Џан Биљали, Иса Бајрам и Михаил Аврамовски.



