Поранешниот шампион Шенон Бригс ја прогнозираше потенцијална борба меѓу Фјури и Џошуа

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Шенон Бригс неодамна откри кој е неговиот фаворит во претстојната голема борба меѓу Aлександaр Усик и Даниел Дубоа.
Двајцата врвни борци ќе се соочат на 19 јули на Вембли во борба за титулата во тешка категорија.
„Ќе биде тешко, но мојот фаворит е Усик. Да, верувам дека Усик повторно ќе победи“, рече Шенон Бригс.
Поранешниот американски боксер со прекар Кенон, исто така, предвиде потенцијална борба помеѓу поранешните шампиони Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.
Британската пресметка меѓу двајцата врвни тешкаши многумина ја сметаат за една од најголемите борби што би можеле да се случат во светот на боксот во моментов.
Но, има проблем, Кралот на Ромите моментално е во пензија. Фјури го објави своето пензионирање во јануари, по вториот пораз против Усик.
Вистина е дека поранешниот шампион на ВБЦ неодамна изјави дека може да се врати на рингот само во меч против непоразениот Украинец, но има и такви кои се надеваат дека ќе го стори истото против Еј Џеј.
Џошуа имаше мала операција на лактот пред неколку месеци и треба да се врати на борбиte на крајот од годината. Неговата последна борба беше минатиот септември кога загуби од Даниел Дубоа во меч за титулата на IBF со нокаут во петтата рунда.
И ако некогаш се договори борба помеѓу Фјури и Џошуа, поранешниот шампион Шенон Бригс знае на кого ќе му даде предност.
„Хм, тешко прашање. Морам да изберам едно. Таа борба може да оди на еден или друг начин. Но, јас ќе се одлучам за Тајсон Фјури“, инсистираше Шенон Бригс.
Многумина се надеваат дека Фјури повторно ќе се врати на рингот, а во борбата против Џошуа ќе се обиде да го дефинира своето наследство.



