Арабел Рустемовски обезбеди бронза, сега ќе се бори за финале на Европското бокс првенство

Арабел Рустемовски осигура бронза на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија, сега ќе се бори за финале.
Арабел славеше против српскиот репрезентативец Теодор Јосијевиќ со 5-0. Со победата обезбеди полуфинале и бронза. Но, тука не застануваат неговите амбиции, туку ќе јуриша на финале.
Во полуфиналето Арабел ќе се бори со Ерменецот Владимир Мшецјан кој славеше против Садик Мусајев од Азербејџан.
Неговиот тренер Јове Петровски-Оцо вели дека ова одраз на рабоата во клубот.
Нови Пазар е домаќин на над 200 машки и женски боксери од над 20 земји во 13 тежински категории.
Резултати Европско првенство јуниори:
52 кг
Арабел Рустемовски – Денис Мисиук (ИБА) 5-0
Арабел Рустемовски –Теодор Јосијевиќ (Србија) 5-0
Полуфинале
Арабел Рустемовски – Владимир Мшецјан (Ерменија) 14 јули
57 кг Ануар Имери – Карен Захарјан (Ерменија) 0-5 ТКО Р2



