АктуелноБоксПрофесионален

Канело нема дилеми за тоа кој ќе го добие реваншот меѓу Усик и Дубоа: Се обложувам на него

Мексиканската боксерска суперѕвезда Сoл „Канело“ Алварез го има својот фаворит во претстојната борба за титулата во тешка категорија меѓу Aлександaр Усик и Даниел Дубоа.

Непоразениот Украинец и големиот Британец ќе се соочат на 19 јули на голем настан на Вембли, а борбата ќе биде и реванш меѓу двајцата врвни тешкаши.

Двајцата првпат се сретнаа во 2023 година при што Украинецот победи со нокаут во деветата рунда за да ги задржи титулите што претходно ги освои и одбрани против Ентони Џошуа.

Усик ги обедини појасите со победа над Тајсон Фјури минатиот мај, а потоа мораше да го напушти појасот на IBF, кој му припадна на Дубоа, за да договори реванш.

Во септември минатата година, Даниел стигна до најголемата победа во својата кариера кога го победи Ентони Џошуа со брутален нокаут во петтата рунда.

Канело се подготвува за голема пресметка против Теренс Крофорд што ќе се одржи во САД на 13 септември, а неодамна на X го ја прогнозираше борбата меѓу Усик и Дубоа.

„Во последните пет години Усик победи најдобрите, Александар е многу издржлив, технички брилијантен и многу паметен. Кога ќе видам некого со таков фокус, тој ја има мојата максимална поддршка. Се обложувам на неговата победа. Александар, ќе го направиш тоа“, рече мексиканската икона, која, како дел од промоцијата, се обложи на 500.000 долари на победата на Украинецот против Дубоа.

Фото: Квинсебри промоција

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON