АктуелноМеѓународна сценаММА

Дана Вајт: Убаво е што гледам дека Бен Аскрен се буди

Дана Вајт и Бен Аскрен не започнаа најдобро.

Веројатно тоа е затоа што „Фанки“ поголемиот дел од својата ММА кариера ја помина натпреварувајќи се за конкурентски промоции како Белатор и ОНЕ. Во минатото Аскрен сакаше да оди во УФЦ, но Вајт не му даваше шанса. Поради ова, Бен редовно го критикуваше „дебелиот“ и „ќелав“ Вајт дека се однесува како „несигурен кретен“.

Аскрен на крајот потпиша со УФЦ, но не ги оправда очекувањата и се пензионираше по поразите од Хорхе Масвидал и Дамиен Маја. Сепак, „Фанки“ ја заработи почитта на Вајт, а двајцата ги закопаа секирите. Вајт неодамна откри дека ја контактирал сопругата на Аскрен, Ејми, откако „Фанки“ претрпе двојна трансплантација на белите дробови претходно овој месец.

Аскрен неодамна ја објави првата изјава по трансплантацијата. Изгледаше целосно променет и изгуби над 20 килограми.

„Го видов ова на мојот фид. Дури и не изгледа исто. Дали знаете во каква форма мора да бидете за да го поминете она низ што помина овој човек? Неверојатно е. Не ги знам сите детали. Мислам дека започна со стафилокока, а од стафилокока заврши некако со руптура на неговите бели дробови, од она што го разбирам. Ја контактирав неговата сопруга неколку пати во текот на овој период. Но, знаете, сигурен сум дека тоа е вистинска катастрофа во моментов. Но, добро е да го видам како се буди“, изјави Вајт за Фул сенд.

Сè уште нема информации за времето на закрепнување на Аскрен или кога „Фанки“ ќе може да ја напушти болницата. Но, брзо пребарување на Гугл покажува дека целосното закрепнување е некаде во опсег од три до шест месеци. Дотогаш, ќе му требаат вашите мисли и молитви.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON