Александар Усик го откри името на противникот кон кого ниту малку почит

Нема сомнение дека 38-годишниот Aлександaр Усик (23-0, 14 нокаути) е еден од најдобрите боксери на својата генерација, обединувајќи ги титулите во две тежински категории во текот на 12-годишната професионална кариера, нешто што само двајца други (Наоја Иноуе и Теренс Крофорд) успеале да го направат.
Непоразениот Украинец освои златен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година пред да стане професионалец. Ги победи сите свои противници и стана апсолутен шампион во полутешка категорија во 2018 година.
Потоа се искачи во тешка категорија, а по победите над Чаз Витерспун и Дерек Чисора, доби шанса да се бори за светската титула против Ентони Џошуа. Двапати го надвладеа Еј-Џеј, а потоа и Даниел Дубоа.
Во средината на мај минатата година, го победи Тајсон Фјури за да ги обедини титулите во тешка категорија, а беше успешен и во реваншот неколку месеци подоцна.
Брилијантниот украински борец има уште една шанса да стане неприкосновен шампион во тешка категорија на 19 јули на Вембли кога ќе се бори против шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа.
Во неодамнешно интервју за ДАЗН, Усик го откри името на противникот кон кого нема никаква почит.
„Мојата слабост е што ги сакам луѓето и повеќето противници со кои сум се борел. Но, не можам да поднесам еден, немам никаква почит кон него“, рече Александар Усик и продолжи:
„Тоа е Марко Хук. Лош човек кој зборуваше лошо за мајка ми. Тоа беше многу лошо од него“.
Олександр Усик и Марко Хук (Муамер Хукиќ) боксираа во септември 2017 година на настан во Берлин во четвртфиналето на Светската боксерска супер серија. Украинецот победи со прекин во десетата рунда и ја одбрани титулата во полутешка категорија на ВБО.



