Погледнете во каква форма е Александар Усик пред мечот против Даниел Дубоа

На 19 јули Вембли ќе биде домаќин на боксерски спектакл што ќе доведе до борба за апсолутeн шампион во тешка категорија во светот меѓу Украинецот Aлександaр Усик и Британецот Даниел Дубоа.
Непоразениот украински борец ги носи во рингот титулите на ВБА, ВБЦ и ВБО, додека Дубоа ќе го заложи шампионскиот појас на ИБФ.
Минатата година, откако го победи Тајсон Фјури во меч за неприкосновен шампион, Усик го ослободи појасот на ИБФ за да договори реванш со Кралот на Ромите.
Украинецот беше подобар од Фјури и во реваншот, а Дубоа го победи Ентони Џошуа со нокаут во петтата рунда во првата одбрана на титулата.
Претстојниот меч во Лондон ќе биде нивниот втор судир во кариерата. Пред две години, на настан во Полска, Усик го нокаутира Дубоа во деветтата рунда.
И двајцата ги завршуваат подготовките за големата борба, а камерата на Mail Sport Boxing ѕирна на тренингот на украинскиот тешкаш.
„Немам време да размислувам за Даниел. Важно ми е само да направам најдобра подготовка и тренинг. Тренерот го проучува Даниел, ќе зборуваме за него подоцна“, вели Александар Усик.
А видете во каква форма Усик го дочекува мечот против Дубоа во видеото:



