АктуелноМеѓународна сценаММА

„Знае дека ќе го успијам“: Топурија повторно го обвини Махачев дека избегнува борба со него

28-годишниот шампион во лесна категорија на УФЦ, непоразениот Илија Топурија, повторно го обвини поранешниот шампион на УФЦ во категоријата 70 кг, Ислам Махачев, дека избегнува борба со него.

„Мојата вистинска цел е секогаш Ислам. Но, откако тој одлучи да избега, мојот противник стана Чарлс. Гледајте, мислам дека Махачев донесе одлична одлука (да се откаже од титулата во лесна категорија и да се искачи во велтер категорија-н.з.).

Доколку организаторите на УФЦ му понудеа борба со Џастин Гејџи, ќе останеше во лесна категорија. Но, кога се искачив од перо категорија, Ислам рече: „Не сакам да преземам голем ризик, па ќе се искачам во велтер категорија и ќе се обидам да освојам уште една титула“. Махачев знае дека сум опасен и можам да го успијам. Дури и Хабиб го знае тоа“, беше цитиран Топурија од профилот на Чемпионшип раундс на социјалната мрежа X.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON