АктуелноБорењеОстанато

Андреа Нисева отпатува на завршни подготовки за Светското првенство до 17 години

Андреа Нисева од БК Олимпија отпатува на завршни подготовки во Софија, Бугарија, за Светското првенство до 17 години кое ќе се одржи во Атина, Грција од 28 јули до 3 август.

Нисева оди на подготовки со бугарската репрезентација и ќе се подготовува до почетокот на СП каде ќе настапи во нејзината категорија до 61 килограм.

„На завршните подготовки во најголем дел ќе се работи на техничко-тактичката подготовка, а ќе се земат и предвид и недостатоците кои беа констатирани на последното Европско првенство на кое Андреа го освои третото место. Ова првенство е голем предизвик за Андреа, бидејки ќе настапи прв пат на вакво големо натпреварување со што и мотивацијата е на високо ниво. Килограмите се одржуваат и здравствената  состојба е одлична.да и посакаме успешни продготовки, како и успешен настап на најголемата смотра за годинава“, вели тренерот Методи Сичков.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON