АктуелноМеѓународна сценаММА

Волкановски: Топурија рано ќе го нокаутира Оливеира во борбата на УФЦ 317

Александар Волкановски верува дека Илија Топурија ќе го заврши Чарлс Оливеира на почетокот од нивната борба за испразнетата титула во лесна категорија, кој што ќе го предводи УФЦ 317.

Непоразениот Топурија (16-0, 8-0 во УФЦ) ќе се соочи со Бразилецот Чарлс Оливеира (35-10, 23-10 во УФЦ), рекордер на организацијата со најмногу победи со завршница.

Волкановски (27-5, 14-4 во УФЦ) е добро свесен за силата на Топурија – Грузиецот му го нанесе првиот пораз во перо категорија со нокаут во втората рунда на УФЦ 298 и симнување од тронот на долгогодишниот шампион.

Иако признава дека Оливеира е исклучително опасен, Волкановски инсистира дека агресивниот стил на Бразилецот може да му се наштети.

„Оливиера е многу агресивен“, изјави Волкановски за ФОКС спорт Австралија. „Постојано презема ризици, се движи напред, ти стои пред лице. Да, можеш да го удриш, но секогаш вреска. Особено за мене – ако изгубам, тоа значи дека сум бил фатен во погрешен момент. А Оливеира е меѓу најопасните, како во парер, така и во стој. Треба да му се оддаде потребното почитување“.

Сепак, Волкановски верува дека Топурија повторно ќе ја покаже својата моќ.

„Се обложувам на Илија“, рече тој. „Мислам дека ќе го победи. Според мене, со ран нокаут. Топурија не е само борец кој оди напред и стои пред тебе. Тој се движи, менува агли, се лизга, бара празнини. И тоа е она што го прави опасен“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON