АктуелноБорењеДомашна сцена

Средба Сичков-Димевски: МОК ја гледа Андреа Нисева како кандидат за Олиписките игри 2028 за Македонија

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски вчера имаше средба со Методи Сичков од БК Олимпија на која разговораа за дискриминацијата на 50 деца од БК Олимпија и останатите спортисти и спортски работници, како од БК Вардар, БК Безбедност и БК Тигар, односно, како што вели Сичков, над 100 спортисти целосно отстранети од душекот.

Сепак, главна цел на разговорот била Андреа Нисева, трократната балканска шампионка и 2 пати медалистка од ЕП, Унгарија 2023 и Скопје 2025.

„МОК ја гледа Андреа како кандидат за Олиписките игри 2028 и бара начин како да ја врати назад“, вели Сичков и додава: „Бидејќи од Боречката федерација и Министерството за спорт немаат никаков одговор, ниту размислување дали треба да се врати во Македонија и да ги брани боите на репрезентација на Македонија. Или, министерот за спорт Борко Ристовски ќе рече сама одлучила да настапува во друга држава, односно Бугарија. По се изгледа не сака да ги наруши доверителските должностите со Боречката федрација, бидејќи таму статусот е уништување на се што е македонско. Боречката федерација со поддршка на Министерството за спорт стана циркус федерација, за потсмев и уништување на некој, на целата историја во спортот и постигнатите резултати на Шабан Трстена, Шабан Сеиди, Зопран Шоров, Киро Ристов, Симеон Шутев, Ристо Дарлев и многу други спортисти“.

„Претседателот на МОК, Даниел Димевски беше со цврст став доколку федерацијата и МС не преземат решенија за севкупен интерес на спортистите Боречеката федерцаија ќе биде суспендирана и ќе биде надвор од олимпиското движење, бидејќи како пример ја има Андреа Нисева и уште стотина такви таленти во борењето“, вели Сичков.

За дискриминацијата на борачите од наведените клубови, според Сичков, Боречката федерација е со изговор дека тоа е нормално.

„На пример, до 20 години и 23 години неколку борачи на Олимпија, Вардар, кои се шампиони во своите категории не се земени предвид ниту на подготовки ниту за европските и светските првенства, и тоа: Александр Миланов, Александар Марковски, Кире Малцев. По се изгледа федерација имат страв да не земат медали од европските првенства, па ќе немат зборови и објаснуванје зошто овие неколку клуба се отстранети од јавите настапи, турнири, подготовки“, смета Сичков.

 

 

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON