АктуелноМеѓународна сценаММА

Анте Делија потпиша за УФЦ: Сништата се остварија

Уште еден хрватски борец се приклучи на најголемата светска ММА организација. Имено, по Иван Ерслан, и Анте Делија потпиша за УФЦ.

34-годишниот дубровчанец има 31 борба во ММА и 25 победи, а неговиот најголем успех дојде во 2022 година кога го освои турнирот во тешка категорија на ПФЛ.

Анте објава на социјалните мрежи потврди дека ја продолжува кариерата во УФЦ:

„Вистина е дека потпишав договор со организацијата УФЦ. Соништата се остварија и чувствувам дека сум таму каде што заслужувам. Се радувам на нови предизвици!

Благодарност до семејството Аспинал кои направија толку многу за мене. Наскоро повеќе вести за следната борба“.

Хрватскиот борец веќе некое време тренира во салата на Том Аспинал. Сопственикот на привремениот појас во тешка категорија на УФЦ и неговиот татко Енди очигледно одиграле важна улога во процесот на договор на Делија со промоцијата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON