АктуелноДруги вештиниСамбо

Теодор Георгиев петти на Светскиот самбо куп во Ереван

Теодор Георгиев е петтопласиран на Светскиот самбо куп во Ереван, Ерменија, што се одржа на 7 и 8 јуни.

Геогиев во самбо комбат во супер тешка категорија стигна до репасаж, но не успеа да се избори за борба за бронзен медал. Во силната конкуренција ова е успех за Георгиев.

Боите на Македнија ги бранеа и Далибор Богданов самбо комбат и Азир Пепиќ самбо спорт 90 кг.

Спортистите се натпреваруваа во 28 тежински категории, а вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 196.000 американски долари.

Наградите беа распределени на следниов начин:

злато — 3.000 американски долари
сребро — 2.000 американски долари
бронза (2 медалисти) — 1.000 американски долари

Од Европа на Светскиот куп учествуваа Ерменија, Бугарија, Хрватска, ФИАС-1, ФИАС-2, Грузија, Израел, Македонија, Романија и Украина.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON