АктуелноДруги вештиниТаеквондо
Во сабота ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2025“

Оваа сабота ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2025“.
Организатор е Таеквондо клуботот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец. Турнирот ќе се одржи во спортската сала Билјанини извори.
Натпреварувањето е во сите возрасни категории: деца, младинци, постари младинци, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција.
Минатата година имаше над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји. И годинава учеството на „Охрид опен“ веќе го имаат најавено повеќе земји и натпреварувачи од претходните години, така, натпреварот прераснува во еден од поквалитетните во регионот.



