Милијана Рељиќ освои бронза во Инсбрук, сега е поблиску до Олимписките игри во Лос Анџелес

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ освои нов медал на престижниот меѓународен турнир во Инсбрук, Австрија, од Г1 серијата.
Во првото коло Мила ја победи германската натпреварувачка Ангелина Хуш, во четвртфиналето Мила беше поуспешна од Хелена Кичема од Хрватска, а во полуфиналето загуби од Мел Мина од Еквадор.
Со овој бронзен медал Мила освои нови 3,6 поени за олимписката и светската ранг-листа. Мила моментално е на 12 позиција на олимписката ранг-листа, а на светската е 11.
Натпреварот во Инсбрук е еден од најсилните, и после третото учество Мила успева да стигне до медал
Според нејзиниот тренер, Александар Ефтимов ова е радост и гордост за целиот клуб.
„Како нејзин тренер сведочам за нејзината истрајност, посветеност и дисциплина. Секој тренинг, секоја борба, секој пад и секое станување се дел од патот што води до Олимписките игри 2028 година во Лос Анџелес, вели Ефтимов.
По ова продолжуваме со истата страст и поголема мотивација, заклучува Ефтимов.



