Александар Усик го прозва Дана Вајт да потпише со Јарослав Амосов

Александар Усик го прозва Дана Вајт да потпише со Јарослав Амосов.
Поранешниот неприкосновен шампион во бокс во тешка и полутешка категорија сака да го види сонародникот во најголемата ММА лига во светот. Усик покажа како тренира со Амосов и се пофали дека двајцата разменуваат искуства. Јарослав е меѓу најдобрите ММА борци во велтер категоријата. Тој има скор од 28-1 во ММА и е поранешен шампион на Белатор во велтер категорија.
Амосов се раздели од ПФЛ откако го купија и елиминираа Белатор. Тој потпиша договор со Кејџ фјури ФЦ, каде што го победи Кертис Милендер кон средината на март оваа година. Оттогаш, Амосов бара борба и нова организација. Тој сонува да се приклучи на УФЦ, но Вајт досега не покажа интерес за него.
Сега Усик излезе во поддршка на сонародникот и го повика Вајт да потпише договор со него:
„Разменивме искуства со Јарослав Амосов, долгогодишен шампион во Белатор. Јарослав е идниот шампион на УФЦ. Дана Вајт, те молам испрати му договор, брате. Сериозен сум“, рече Усик во видео на Инстаграм.
Јарослав има скор од 9 победи и 1 пораз во Белатор. Поразот се случи во меч за појасот против Џејсон Џексон во 2023 година. Амосов има завршено 20 од своите борби. Останува да се види дали Вајт ќе биде подготвен да го однесе во лигата.
View this post on Instagram



