Шабан Трстена, Дејан Георгиевски и Борче Костовски добија плакети за почесни граѓани на Општина Бутел

Синоќа во Македонската филхармонија Општина Бутел одбележа 20 години постоење, при што беа прогласени почесните граѓани на Општината кои со своите ангажмани придонеле за посебен развој на Бутел, но и на Македонија.
Како што вели градоначалникот Дарко Костовски: „Луѓе кои си ја сакаат општината и татковината“.

„На предлог, а со одлука на Советот на Општина Бутел, вечерва на овој свечен настан доделив плакети за почесни граѓани и благодарници на истакнати работници кои несомнено придонесоа за Општина Бутел“, изјави Костовски.

Бутел може да се гордее што за почесни граѓани се прогласени олимпискиот шампион во борење и вицешамипонот во таеквондо, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски, како и неговиот тренер и селектор Борче Костовски.

Овие признанија ги добија и еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ.

За почесни граѓани плакети им беа доделени на:
Постхумно на Петре Латиновски, поранешен градоначалник на Општина Бутел
проф. д-р Аце Миленковски
Мите Јовановски
Масар Омерагиќ
Шабан Трстена
проф. д-р Аце Додевски
проф. д-р Игор Николов
д-р Борче Костовски
д-р Енвер Идоски
Александар Стефанов
проф. д-р Даме Димитровски
Дејан Георгиевски
Елиф Елмас

Благодарници беа доделени за посебен придонес и соработка во областна на спортот, образованието и административната работа.
Понекогаш соништата стануваат реалност. Кога сонуваме треба да бидеме подготвени за притисокот кој доаѓа од остварениот сон.
„Заедно градиме иднина за нашите деца. Поставивме стандарди за тоа како се раководи општина. Можело, сега јасно гледам дека можело! Заедно градиме! За Општина Бутел“, рече Косотовски!
Фото: Дарко Костовски



