АктуелноБоксПрофесионален

Усик му искажа огромна почит на Ломаченко: Инспирира милиони луѓе, го промени спортот

По одлична аматерска и професионална кариера, 37-годишниот украински боксер Васил Ломаченко пред неколку дена го објави своето пензионирање.

Неговиот сонародник и светски шампион во тешка категорија Aлександaр Усик му посвети посебно соопштение на својот пријател и колега, изразувајќи ја својата огромна почит.

Ломаченко (18-3, 12 нокаути) уживаше во славата во текот на целата кариера и бројни успеси во аматерските, а подоцна и во професионалните натпреварувања.

Oсвои два олимписки златни медали, ја водеше украинската репрезентација на многу натпреварувања (со резултат од 396-1) и освои светски титули како професионалец.

Светскиот шампион во три категории последен пат се бореше пред една година во Перт, кога го победи Џорџ Камбосос Јуниор со прекин во 11-тата рунда и ја освои титулата во лесна категорија на ИБФ.

Многумина го фалат успехот на Васил, а Усик со префинети зборови се осврна на неговата кариера и придонес во боксот …

„Ти благодарам за одличната кариера, посветеноста и величината“, рече Александар Усик и продолжи:

„Ти си еден од најголемите спортисти што светот на спортот некогаш ги видел, не само во боксот, туку воопшто. Твоето аматерско наследство не може да се спореди со никого. Два олимписки златни медали. Речиси 400 победи. Мајстор на движење, темпирање и прецизност“.

Непоразениот тешкаш не штедеше зборови во пофалбата за својот сонародник.

„Ти испиша историја на професионалниот ринг. Стана светски шампион во три категории, го направи она што многумина го сметаа за невозможно, и го направи тоа со стил, класа и интелигенција. Инспирираше милиони луѓе, го промени спортот. Постави нов стандард. Горд сум што те нарекувам мој пријател, колега и брат“, рече Олександр Усик и подвлече:

„Твоето наследство ќе живее уште многу, многу години. Во срцата на борците. Во умовите на навивачите. Во книгите за историја на боксот. Честитки за легендарната кариера“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON