АктуелноБоксДомашна сцена

Андреевски: Презадоволен сум од она што се случуваше на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

Како претседател на Националната боксерска федерација може да кажам дека сум презадоволен од она што се случуваше во Куманово двата дена на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ кој влезе во календарот на Европската боксерска федерација, изјави претседателот на НБФ Кристијан Андреевски по завршувањето на турнирот.

„Се помина во најдобар ред и одлична организација. Голема благодарност упатувам за сите оние кои помогнаа во реализација на настанот а тоа е Сојузот на спортови на Куманово, Општината Куманово заедно со градоначалникот Максим Димитриевски, потоа вицепремиерот на Владата на РС М Иван Стоиљковиќ. Министерот за спорт Борко Ристовски, претседателот на Сојузот на спортски Федерации на РСМ Мартин Клинчаров, градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски , како и нашите сограѓани и носители на високи државни функции Бобан Николовски, Бране Петрушевски и Филип Филиповски“, вели Андреевски и додава:

„Исто така морам да ги истакнам и организаторите на турнирот БК Куманово за одлично сработената задача со што дадоа посебен придонес за боксот како спорт на национално ниво и на нас како Федерација.

Упатувам благодарност до сите тренери и натпреварувачи за фер и коректното однесување, официјалните лица за одлично завршената работа, како и на големиот број на боксерски легенди и гости кои со своето присуство го удостоија овој настан“.

Инаку на турнирот беа доделени пехари и признанија за најдобрите.

Ружди Рустемовски од Пелистерски јунак е прогласен за најдобар боксер на Меѓународниот турнир „Мирослав Петровиќ“ што се одржа изминатиов викенд на плоштадот во Куманово.

За најдобар младинец е прогласен Јоаким Јовановски од БК Куманово 84, додека Арабел Рустемовски е најдобар јуниор (Пелистерски јунак). Најдобар кадет е Џенан Билјали (Куманово 84), а Кирил Глобенко и Димитрије Андрејевиќ се најборбен пар.

За најдобар странски боксер е прогласен Јлмз Алперен од Турција.

На боксерскиот спектакл продефилираа боксери од Македонија, Србија, Словенија, Азербејџан, Палестина, Романија, Молдавија, Турција и Полска.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON