Џон Џонс: Со Аспинал чекаме УФЦ да даде изјави

Џон Џонс изјави дека тој и Том Аспинал се согласиле да почекаат УФЦ да даде изјава.
Во последните месеци сите фанови со нетрпение очекуваа вести за нивната борба. Дана Вајт постојано вели дека борбата ќе се одржи оваа година. Аспинал веќе е нетрпелив и постојано го изразува своето незадоволство во медиумите. Џонс, пак, се забавува во Тајланд, каде што неодамна одржа голем семинар.
Во последните денови над 100.000 луѓе потпишаа петиција за одземање на титулата на Џонс. Ваквите работи не го трогнаа Дана Вајт, кој се држи до своите планови за борбата. Ако борбата меѓу двајцата шампиони се случи, тогаш речиси сигурно ќе биде во ноември во Медисон сквер гарден, Њујорк.
Пред фановите во Тајланд Џонс откри дека тој и Аспинал чекаат на УФЦ и законски не можат да коментираат на темата.
„Том и јас се согласивме да почекаме УФЦ да даде свои изјави. Значи, законски не можам да зборувам за тоа“, рече Џонс.
View this post on Instagram



