Британски тешкаш го прозва Дионтеј Вајлдер: Би го извлекол најдоброто од мене

Поранешниот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, е еден од најдобрите удирачи во категоријата, со 42 од 43 победи со нокаут во текот на кариерата.
Бронзениот бомбардер падна во форма од неговата трилогија со Тајсон Фјури. Во последните пет години победи само во една борба и претрпе четири порази.
Неговата лоша серија започна со два порази од Тајсон Фјури, потоа го нокаутира во првата рунда Роберт Хелениус, а подоцна загуби од Џозеф Паркер и Жилеј Жанг.
Американскиот нокаутер најави нова кампања кон врвот на тешката категорија, а ќе се врати на рингот на 27 јуни на настан во Вичита против сонародникот Тајрел Херндон.
Многумина покажаа интерес да се борат со „ранливиот“ Вајлдер, а меѓу оние кои неодамна го прозваа е и Дејв Ален.
Британскиот тешкаш неодамна во петтата рунда го совлада Џони Фишер во борбата за интерконтиненталната титула на ВБА.
„Му испратив порака на Еди Херн и му напишав дека по уште неколку победи може да боксирам против Вајлдер. Еди одговори потврдно: Може да се случи, да“, рече Дејв Ален и додаде:
„Вајлдер повеќе не е боксерот што беше, но сепак би била луда борба. Навистина би сакал да се борам со него. Тоа се борби што би го извлекле најдоброто од мене. Таа борба би била како борба од соништата. Дефинитивно е борба што би сакал да ја организирам“.



