АктуелноДомашна сценаКарате

Утре почнува Балканското карате првенство за деца во Бар, повторно проблеми со превозот и сместувањето (ФОТО)

Македонија ќе настапи со 142 каратисти, според пријавите, на Балканското првенство за деца во Бар, Црна Гора, од утре до недела.

На БП учествуваат 1796 каратисти со 1895 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Со текот на годините се востанови практиката да има проблеми со најмалите каратисти, како со сместувањето, така и со превозот.

Како што не информираа родители синоќа автобусот не тргнал навреме во 24:00 часот бидејќи се расипало тркалото, или како што велат тие се откачило, односно пукнала полуосвина, на самото тргнување од СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. По речиси три часа чекање дошол нов автобус, видно несреден, велат родителите.

Дел од родителите побарале децата да ги носат за Бар со сопствен превоз, но добиле одговор дека според Правилникот, спортистот не смее сам да патува. Но тие забележуваат дека каратисти од друг клуб отишле за Црна Гора во сопствена режија.

Од друга страна се потсетува дека и лани имало проблеми со автобусот на враќање од Турција. Тогаш родителите оделе со сопстевни возила да ги донесат девата дома, и, како што вели еден родител: „Имав среќа што не ме сопре полиција во Грција. Возев седум деца во колата“.

Од друга стран, за хотелско сместување се плаќа 60 евра по дете, а условите се лоши. Од фотогрфаиите што ги добивме се забележува мувла на ѕидовите, нечиста постелнина по која има инсекти.

Вака, само ги бракаме децата од спортот. Да не заборавиме – најважно е задравјето.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON