БорењеДомашна сцена
Денес во Карбинци ќе се одржи турнир во борење

Денес во Карбинци ќе се одржи турнир во борење слободен стил за момчиња и девојчиња, со почеток во 16 часот во салата на ОУ „Страшо Пинџур“.
Турнирот, кој е во организација на БК Карбинци и БК Киро Ристов од Општина Карбинци, се одржува четврта година по ред по повод денот на општината, „Спасовден“.
На натпреварот ќе учествуваат шест клубови од Македонија:
Карбинци-Карбинци, Киро Ристов – Карбинци, Спартак”-Кочани, Борец-Велес, Неготино и Балканец-Штип.



