Хабиб Нурмагомедов до Дана Вајт: Испрати локација на Махачев!

36-годишниот член на Куќата на славните на УФЦ и поранешен шампион во лесна категорија (до 70 кг) – Хабиб Нурмагомедов – упати директен апел до претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Легендарниот непоразен борец од Русија инсистираше неговиот близок пријател и моментален број еден на ранг-листата на УФЦ, без оглед на категоријата, Ислам Махачев, да го добие следниот противник.
„Испратете локација на Ислам“, напиша Хабиб на својот профил на социјалните мрежи, тагирајќи го во објавата Дана Вајт.
Махачев не го игнорираше коментарот на „Орелот“ и одговори со кратка, но значајна порака:
„Чекај“, напиша шампионот во лесна категорија во својот пост, алудирајќи дека е подготвен и само чека зелено светло од организацијата.
Очекувањата меѓу навивачите и аналитичарите се дека следната борба на Махачев би можела да биде објавена многу наскоро.



