АктуелноМеѓународна сценаММА

УФЦ го објави реваншот меѓу Александар Волкановски и Јаир Родригез

Јаир Родригез ќе го добие она што го сакаше.

Мексиканската ѕвезда на УФЦ ќе добие реванш со Александар Волкановски. Тоа ќе се случи, иако Јаир не го заслужува. Мовсар Евлоев откри дека Волкановски сакал да се бори со него, но тоа не е желба на УФЦ. Дана Вајт не е обожавател на Евлоев, кој се бори здодевно, според шефот на лигата.

Значи, Родригез ќе се бори со Волкановски за титулата во перо категорија. Датумот сè уште не е објавен, но се шпекулира дека ќе се одржи во септември на УФЦ 320 во Мексико. Јаир и Волкановски се бореа за титулата летото 2023 година. Тогаш Алекс го победи со нокаут во 3-тата рунда во Лас Вегас.

Оттогаш, Родригез забележа пораз од Брајан Ортега и победа со одлука над Патрицио Фреире. Јаир доби само 3 од последните 6 борби во УФЦ. Тој не ја заслужува оваа шанса, но се бори атрактивно и е голема ѕвезда од Мексико.

Нивната борба сè уште не е официјално објавена, но се работи на неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON