Стефан Спасовски на 14 јуни ќе се бори со Јашари во Швајцарија

Стефан Спасовски – Зангал се враќа на боречките спортови, овој пат ќе влезе во рингот во бокс со голи раце.
Спасовски на 14 јуни во Цирих, Швајцарија, на настанот Фајтс ор фол Гладијаторс најтс 10 ќе ги одмери силите со Јашари.
За неговите настапи во ММА вели:
„Пак се впуштив во ММА, ама без добри тренери не бидува. А и тука (мисли на Швајцарија) секој клуб си прави организации и си ги турка нивните натпреварувачи. Судија пред две години ми прекина борба. Се испокарав.
Ама, како и да е, за мое искуство е. Се вратив со пораз од некој циркузант…боли. Си туркаат нивни. И, затоа, сега за сега, ММА е настрана“.
Стефан вели дека оваа година се фокусира на бокс и бокс со голи раце.
„Верувам дека тоа е спорт за мене. Па, со Господ напред, мора да донесеме победа. Плус, противник ми е Јашари, искусен борец. Нов почеток, ново искуство, добар тренер, посветен сум повеќе од кога било“.
Спасовски се бори на истиот настан со Даниел Стефановски кој во К1 ќе ги одмери силите со Туекпе, така што кумановци имаат причина да го посетат настанот и да ги бодрат сограѓаните.
Сетфан во 2019 година настапи во кик бокс за истата организација.



