АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Таеквондистите на Хва ранг ИТФ и Сонкал освоија 23 медали на „Гранд при Зворник“

Таеквондистите на Хва ранг ИТФ од Лескоец и Сонкал од Мислешево постигнаа забележителен успех на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Гранд при Зворник 2025“ во Босна и Херцеговина, освојувајќи 23 медали – 4 златни, 10 сребрени и 9 бронзени медали, како и со пехар за најдобра кадетка Миа Танеска.

Станува збор за еден од најпрестижните натпревари во регионов за пролетната натпреварувачка сезона. На овај натпревар силите ги одмерија 405 натпреварувачи од клубови од 10 земји: Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Молдавија, Италија, Словенија, Хрватска, Унгарија и БиХ.

Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на овај турнир настапи со 18 натпреварувачи од двата клуба.

– Поради матурите и екскурзиите, нашите најдобри поединци од оправдани причини не учествуваа, па затоа учество зедоа повеќе дебитанти кои не изненадија со одлични резултати, со оглед на нивното искуство, освојувајќи вкупно 23 медали од кои 4 златни, 10 сребрени, 9 бронзени и пехар за најдобра кадетка Миа Танеска. Нашите помлади натпреварувачи поради добрата мотивираност од страна на Владимир Димитириевиќ (освојувач на медал од последното Европско првенство) и со желба за место во првиот состав на МТТФ, го дадоа својот максимум, но поради неискуство многу финални борби ги загубија. Ова беше големо изненадување од нивна страна, знаејќи дека не се многу искусни, очекувањата за успех беа многу помали, но убаво е чувството кога ќе бидеш пријатно изненаден од нивната пожртвуваност и храброст. Миа Танеска која е во репрезентацијата на МТТФ, докажа дека нејзиното место е заслужено, осовјувајќи златен медал во форми, сребрен медал во борби и пехар за најдобра кадетка на овај престижен натпревар, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ.

Резултати по клубови:

ТК „Хва Ранг Итф“ Лескоец, Охрид: 3 златни, 6 сребрени, 8 бронзени и пехар за најдобра кадетка
ТК „Сонкал“ Мислешево, Струга: 1 златен, 4 сребрени и 1 бронзен медал.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON