АктуелноДруги вештиниТаеквондо

На 2 секунди до крајот судиите го украдоа медалот на Мила Рељиќ на Президент купот во Софија

Милијана Рељиќ го освои 5-тото место на европскиот Президент куп во Софија.

Во категоријата-62 кг од 36 натпреварувачки Милијана беше на чекор до медал на овој престижен Президент Г-3 куп што се одржа во Софија, Бугарија.

„Во првото коло Милијана ја победи со 2-0 во рунди Хрватката Лена Динковиќ, во второто коло нашата олимпијка беше подобра од Турчинката Алејна Семнјурт, исто така со 2-0 во рунди. Во борбата за медал Милијана многу тесно изгуби до хрватската натпреварувачка Ивана Арелиќ со 2-1 во рунди. Во третата решавачка рунда на помалку од 2 секунди пред крајот при резултат од 6-6 и предност на Милијана поради освоени поени со удар во глава, судиите и доделија 3 поени на противничката, за кои електронскиот автоматски систем претходно не ги регистрираше, затоа што и немаше удар во глава. Бевме многу оштетени во борбата за медал. Ова беше единствен Г-3 натпревар во Европа и доплонителни 6.40 поени за Милијана на светската и олимписката ранг-листа. Следен турнир на Мила е Солун Г-1 следниот викенд“, вели тренерот Александар Ефтимов.

-62 кг
Милијана Рељиќ – Лена Динковиќ (Хрватска) 2-0
Милијана Рељиќ – Алејна Семнјурт (Турција) 2-0
Милијана Рељиќ – Ивана Арелиќ (Хрватска) 1-2

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON