Дејв Ален со прекин го совлада Џони Фишер! Еди Хирн: Тоа е приказна за Пепелашка

На настанот на „Мечрум“ во лондонската „Копер бокс арена“, 33-годишниот Дејв Ален во тешкашката пресметка со прекин во петтата рунда го победи седум години помладиот Џони Фишер.
Двајцата британски тешкаши се сретнаа во реванш по првата борба, која заврши со тесна победа за Џони по десет рунди во декември минатата година.
Фишер ја контролираше борбата во првите четири рунди и водеше кај судиите на поени, но потоа Ален ја сврти ситуацијата и постигна голем триумф.
Борецот од Донкастер овој пат не остави ништо на случајност, и веднаш ја искористи можноста и ја заврши работата со разорна комбинација, тоа беше неговата 24-та победа во кариерата и 19-та која ја заврши со нокаут.
За Ален, тоа е најголемата победа во неговата професионална кариера, со која стигна до првата титула, ја освои ВБА Интерконтиненталната титула во тешка категорија.
WHAT A FINISH DAVE ALLEN 🤯#FisherAllen2 pic.twitter.com/wl4ZW8ukk0
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 17, 2025
По мечот призна дека се коцкал со тежината, а фактот дека бил девет килограми потежок од Фишер се покажа како клучен во оваа победа.
„Се здебелив. Ризикував, но се исплатеше. Го добив појасот“, рече Дејв Ален и додаде:
„Ова ми значи сè. Бев отпишан толку многу пати, а се вратив и покажав што можам да направам“.
Ален сметаше дека прекумерното движење на Фишер го прави ранлив во реваншот, но веднаш ја искористи понудената можност.
„Јас сум најдебелиот и најтврдиот човек што некогаш ќе го видите“, подвлече Дејв Ален, а неговиот настап беше пофален и од промотерот на Мечрум, Еди Херн:
„Оваа вечер му припаѓа на Дејв Ален. Тоа е вистинска приказна за Пепелашка и тој навистина го заслужува овој момент“.
You'll struggle to find a more popular man in British boxing.
Well done Dave Allen 👏#FisherAllen2 pic.twitter.com/3v54sbsoR6
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 17, 2025



