Дана Вајт: Конор Мек Грегор нема да се врати наскоро

Претседателот на УФЦ Дана Вајт изјави дека поранешниот двократен шампион на УФЦ во перо категорија (до 66 кг) и лесна категорија (до 70 кг) Конор Мек Грегор од Ирска нема да се бори во блиска иднина. Пред неколку дена, „Озлогласениот“ изјави дека е подготвен да ја продолжи MMA кариерата. Тој го повика Вајт да ги помести работите, но очигледно ова е уште еден празен муабет од Ирецот.
Конор Мек Грегор веќе има 36 години. Ирецот не се борел според правилата на мешаните боречки вештини од јули 2021 година. Потоа на турнирот УФЦ 264 Мек Грегор загуби со технички нокаут (скршена нога) во првата рунда од поранешниот носител на привремената титула во лесна категорија на УФЦ, Американецот Дастин Пориер. Неговиот вкупен професионален скор е 22 победи и 6 порази.
И додека Мек Грегор наводно е подготвен да се врати, Вајт откри дека тоа нема да се случи наскоро.
„Конор Мек Грегор нема планови да се врати во УФЦ во скоро време. Не сум разговарал со него ниту една минута“, рече Вајт.
View this post on Instagram



