Официјално е! Дрикус ду Плесис ќе ја брани титулата против Хамзат Чимаев ова лето

Дрикус ду Плесис и Хамзат Чимаев конечно ќе ги вкрстат ракавиците.
Вчера извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт, преку Инстаграм лајв објави дека Ду Плесис ќе ја брани титулата во средна категорија против Чимаев во главната борба на УФЦ 319 на 16 август во Јунајтед центарот во Чикаго.
DDP VS. KHAMZAT IN THE WINDY CITY
Dricus Du Plessis will defend the middleweight title against Khamzat Chimaev in the main event of #UFC319 in Chicago 🔥 pic.twitter.com/rqeGG5pzKE
— Sportsnet (@Sportsnet) May 13, 2025
Ду Плесис е непоразен откако се приклучи на УФЦ во 2020 година и го освои појасот во средна категорија во 2024 година со победа со поделена одлука над Шон Стрикленд на УФЦ 297. Успешно ја одбрани титулата против Израел Адесања на УФЦ 305 минатото лето, а неодамна, во февруари, дополнително ја зацврсти со победата со едногласна одлука во реваншот со Стрикленд на УФЦ 312.
Чимаев, кој експлодираше на сцената во 2020 година, долго време се сметаше за еден од главните кандидати за појасот на УФЦ, но во последниве години се бореше со здравствени проблеми што го држеа подалеку од кафезот. Сепак, секој пат кога ќе влезеше во октагонот, тој воодушевуваше – постигна осум победи во УФЦ, од кои шест завршија со прекин. Во последната борба Чимаев веднаш го принуди поранешниот шампион Роберт Витекер да се предаде во првата рунда на УФЦ 308, со што ја доби првата шанса за титула во УФЦ.



