БоксДомашна сцена

По триумфот во „Олмписки надежи“ боксерите на Пинк пантер имаа средба со градоначалникот Иван Јорданов

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денес имаше средба, како што рече тој, со младите шампиони од БК „Пинк пантер“ по повод нивниот огромен успех на турнирот „Опен Балкан“ во Охрид!

Ќе потсетиме дека Пинк пантер го освои првото место во „Олимписки надежи“, каде што настапија боксери од 64 клуба од регионот.

Јорданов на Фејсбук напиша:

„Штип го освои првото место кај кадетите и првото место во „Олимписки надежи“, во конкуренција од 64 клуба!

Честитки до цел тим! Со труд и визија, младите од Штип се докажуваат како спортски лидери во регионот.

Општина Штип ќе продолжи со поддршка — кога се слави и кога е најтешко.

Браво шампиони“!

Фото: Фејсбук Иван Јорданов

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON