Дејан Митров триумфираше во голем стил на големиот пеливански турнир „Трофеј Штип“ што одржа на стадионот на ФК Кежовица.
Публиката која беше присутна во голем број виде многу квалитетни борби, а Митров победата ја прослави со неколку превртувања во воздух.
Организаторите се задоволни од она што се случи денес, а за догодина најавуваат уште поголем настан.