Утре во Кежовица кај Штип ќе се одржи голем пеливански турнир „Трофеј Штип“.
Турнирот ќе се одржи на стадионот на ФК Кежовица со почеток во 12 часот.
Како што истакнуваат организаторите, досега ваков турнир во источниот дел на Македонија не се случил, а има и голем интерес. На турнирот ќе учествуваат најдобрите борачи во пеливанско борење од Македонија и од земјите во регионот. Секако, на задоволство на публиката, ќе настапи и најатрактивниот борач Дејан Митров, кој како домаќин ќе се претстави во најдобро светло.