Ентони Џошуа откри кога се подготвува да се врати на борбите

Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа потврди дека ќе се врати во акција кон крајот на 2025 година, со што се стави крај на многуте шпекулации околу неговото враќање во рингот.

Џошуа во септември минатата година направи трет обид за освојување на светската титула, но на распродадениот Вембли загуби со нокаут во петтата рунда од шампионот на ИБФ Даниел Дубоа.

Тој пораз не ја намали желбата на навивачите за можна пресметка меѓу Еј Џеј и Тајсон Фјури. За тоа се зборуваше со месеци, а потоа во декември втор пат по ред Фјури загуби од Александр Усик.

Неколку недели по борбата, „Џипси Кралот“ го објави своето пензионирање. Тимот на Џошуа соопшти дека бара друг противник, а во игра беа Дионтеј Вајлдер и Даниел Дубоа.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн, објави во март дека неговиот борец е повреден и дека ќе биде надвор од игра најмалку осум недели, а неодамна Еј Џеј откри дека наскоро ќе се подложи на операција на лактот.

Во разговор за ЕСПН Мексико објави кога треба да се врати на борбите.

„Повторно ќе се борам во декември“, рече Ентони Џошуа, додавајќи:

„Тогаш сакам повторно да се борам, ќе направам мала пауза и ќе се вратам во декември. Само сакам моето тело да се чувствува добро, а потоа да се вратам. Сè е многу едноставно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON