Оливер Станков, потпретседател на НБФ: Тројца боксери ќе учествуваат на олимписките квалификации

Оливер Станков е тренер на БК Аперкат од Скопје и потпретседател на Боксерската федерација на Македонија, со кого разговаравме на повеќе теми за боксот во нашата земја.

Како потпреседател на Боксерската федерација како ја оценувате досегашната работа?

-Да се заблагодариме за вашето ангажирање на единствената страница за боксот во Македонија. Со новото раководство и во Управниот одбор за прв пат имаме член кој е жена, воедно и супервизор во боксерската лига. Задоволен сум од досегашната работа на федерацијата.

Кој е најголемиот предизвик што ве очекува годинава?

-Наш најголем предизвик е организацијата на Националната боксерската лига. Младите боксерски да учествуваат на повеќе натпревари надвор од државата, воедно и да се организира еден од најстарите турнир во Европа, Златниот гонг, за кој уште во март е направена комисија за организација на турнирот.

Стартуваше Првата и Младинска лига по новиот начин на пријавување за натпреварите. Кои се првите впечатоци од овој систем?

-За прв пат имаме новости каде што лигата се пренесува преку Стриминг на страницата на федерацијата и пријавувањето на натпреварувачите се одвива по електронски пат.

Што може да очекуваме од македонските боксери на меѓународната сцена?

-За подобар успех на меѓународна сцена, клубовите треба да работат повеќе за да можеме да ги стигнеме посакуваните резултати.

Златниот гонг се враќа во редовниот термин (ноември). Ќе има ли звучни имиња?

-Веќе се пуштени покани до повеќе земји за да го пријават учеството и воедно очекуваме да биде многу квалитетен турнир, каде што веќе интересот на репрезентациите расте.

Освен Златниот гонг, на кои други турнири ќе се даде акцент?

-Не очекуваат голем број на турнири, меѓу кои би ги издвоил Опен Загреб, Златна ракавица и други.

Како што дознаваме од боксерските кругови, налето во Охрид треба да се случи нешто големо. За што станува збор?

-Очекуваме еден голем настан, но сепак да оставиме да се дефинираат деталите.

Меѓународниот олимписки комитет го призна Светскиот бокс за кровна организација која ќе ги спроведува олимписките квалификации, а и наши соседи и пријатели од регионот се префрлија во оваа организација. Какви се насоките на БФМ по ова преашање?

-БФМ веќе има поднесено барање за пристап кон „Ворлд боксинг“, истото е одобрено од сите клубови во Македонија, при што на последниот Управен одбор е решено да учествуваат 3 боксери со 1 тренер со поддршка на Олимписки комитет на првиот турнир организиран од Ворлд боксинг кој ќе одржи следниот месец во Холандија.

Во Првата и Младинска лига вашиот клуб Аперкат во првото и второто коло имаше добар настап. Која ќе биде целта во оваа година?

-Оваа година, како и секоја, ќе се трудиме да ги извадиме најдобрите резултати во лигата. Првото коло се оддржа во Штип каде што учествувавме со 4 боксери, додека второто коло се оддржа во Делчево каде што имавме четири пријавени боксери, а само за тројца имаме противници. Забележавме две победи и еден пораз.

Има ли наследник најсупешниот боксер на клубот, но и на Македонија во перидот додека боксираше, Гоце Јанески?

-Има три таленти во клубот кои имаат потенцијал да го постигнат успехот на Гоце, но останува времето и нивната пожртвуваност да покажат.

Каква е иднината на македонскиот бокс?

-Иако имавме застој, по завршеното Балканско првенство минатата година, се покажа дека Македонија има таленти кои што можат да постигнат поголем успех.

Што ќе им порачате младите надежи и оние кои сакаат да се занимваат со бокс?  

-Да бидат редовни на тренинзите, да бидат дисциплинирани и мотивирани, мотото на нашиот клуб е „Тренирај за да бидеш шампион“

Каква е иднината на женскиот бокс?

-БК Аперкат работи за промоција на женскиот бокс кој во моментот станува се попопуларен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON