Андреа Нисева е петта на силниот турнир „Виктори куп“ во Анталија

Андреа Нисева петтопласирана на силниот Меѓународен турнир за У-17 „Виктори куп“ во Анталија, Турција, за малку и избега бронзениот медал.

Нисева настапи во категоријата до 61 килограм каде што имаше 17 борачки од Турција, Киргистан, Казахстан, Грција, УВВ (односно Русија и Белорусија), Азербејџан и Бугарија за чија репрезентација настапува и Андреа.

Првото место го освои Златина Тотрова (УВВ – Русија или Белорусија), вотра е Мукат Жаидар (Казахстан), третопласирани се Мелиса Саричичек и Озденур Озмез (Турција), а Мамдили Есра (Азербејџан) и Андреа Нисева се петти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON