Милијана Рељиќ освои сребрен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Шведска опен“ Г-1 во Криштианштад и нови 7,20 поени за олимписката ранг-листа за квалификации за Лос Анџелес 2028.
„Во првото коло Мила беше поуспешна со 2-0 во рунди од домашната натпреварувачка Нора Хогфелт, во второто ја победи и шведската репрезентативка, одличната Тиндра Андерсон со 2-0 во рунди. Во полуфиналето Мила издвојува сјајна победа над Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2-1. Во финалето беше поразена од Хрватиката Дора Мештровиќ, но и оваа борба можевме да ја добиеме да не беа судиските грешки кои ни одземаа победа. Мила веќе ја имаше поразено Дора Мештровиќ пред 1,5 година на Европксото првенство до 21 година во 2023 во Романија“, вели тренерот Александар Ефтимов.
Од ТКД Тигри настапи и Горјан Бадаровски кој освои бронзен медал во категорија сениори +87 кг.
Горјан, со победата од 2-0 во рунди над Расму Бремдинг од Шведска обезбеди бронзен медал, а во полуфиналето беше поразен од друг Швеѓнец, Густав Карлсон.
Ова е одличен резултат и за Горјан кој после 1,5 година учество на Г турнири, за
2 месеци освојува 2 бронзени медали. Првиот на Скопје Рамус Г-1 опен во март годинава.
Од Македонија свое деби во сениорска конкуренција имаа и младите Христијан
Симоновски и Давид Божиновски од ТКД Младост, кои прикажаа одлични борби.