Злато, сребро и бронза за борачките на Меѓународниот турнир „Ахилеија“ во Грција

Женската репрезентација во борење (У-15) освои три медали на Меѓународниот турнир „Ахилеија“ во Лариса, Грција, и тоа по еден златен, сребрен и бронзен.

Медалите ги освоија:

54 кг Теа Донева –  златен
62 кг Изабела Зајков – сребрен
50 кг Спасија Василева – бронзен

Тренерот Марјан Христов е задоволен од прикажаните борби и остварениот успех со надеж дека квалитетот постепено ќе се грдаи на вакви силни турнири.

Да потсетиме дека машката репрезентација го освои првото место во екипен пласман со 9 медали – 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени, додека Грција е втора, а Молдавија трета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON