Познато е кој треба да го добие мечот против победникот од дуелот Усик – Дубоа

Украинскиот боксер Александар Усик ќе се обиде да ги обедини светските титули во тешка категорија за нешто повеќе од два месеци.

Непоразениот шампион и сопственик на титулите на ВБЦ, ВБА и ВБО на 19 јули на Вембли ќе се бори во реваншот против шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа.

Усик успешно ги одбрани титулите во реваншот против Тајсон Фјури, додека британскиот борец минатиот септември со нокаутирање на Ентони Џошуа го одбрани појасот на ИБФ.

Борбата меѓу Украинецот и Дубоа доаѓа речиси две години по нивниот прв судир.

Усик во август 2023 година на стадионот во Вроцлав го победи британскиот боксер со нокаут во деветата рунда.

Покрај борбата за обединување на појасите, изборот на противник кој би можел да биде следен во редот за шампионската титула е исто така од голем интерес.

Деновиве, претседателот на ВБО, Густав Оливиери, ги отстрани сите сомнежи за потенцијален противник кој би можел да добие меч против победникот од дуелот меѓу Усик и Дубоа.

„Донесовме одлука што е во интерес на боксот и борците. По борбата за обединување на титулите, Џозеф Паркер прв ќе го добие правото да се бори за шампионскиот појас“, изјави Густав Оливиери.

Фото: Квинсбери

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON