Откако ја загуби титулата од поранешниот шампион Леон Едвардс, Камару Усман не забележа ниту една победа во УФЦ. Откако ја загуби титулата, имаше реванш против Едвардс, кој го загуби, а потоа на крајот од 2023 година скокна во краток рок во меч против Хамзат Чимаев, кој исто така загуби.
Усман не беше премногу активен во кафезот, но возраста, повредите и сè друго си го земаа данокот. Сепак, се знаеше дека Усман сè уште не е завршен и дека дефинитивно повторно ќе го видиме во кафезот, само беше прашање кога.
Одговорот на ова прашање го добивме синоќа. Имено, УФЦ официјално го објави следниот настап на поранешниот шампион во велтер категорија, кој ќе биде на 14 јуни (шестиот месец) од оваа година, а негов противник ќе биде – Хоакин Бакли!
View this post on Instagram
Бакли е борец кој моментално е во феноменална серија од шест последователни победи, претежно со прекини. Бакли имаше многу активна минатата 2024 година, и имаше четири настапи и исто толку победи, од кои најзначајна е онаа во декември кога го победи Колби Ковингтон.
Доколку Бакли го помине Камару Усман, дефинитивно ќе биде профилиран како следниот предизвикувач во велтер категоријата. Од друга страна, Усман исто така треба да забележи победа ако сака да остане релевантен во велтер категоријата, но ниту овој пат УФЦ не му даде лесна задача.
Со оглед на тоа што долго време не сме го виделе Усман во кафез, сигурно ќе биде интересно повторно да го гледаме, но и да видиме во каква состојба е во моментов. Сега има 37 години и има многу борби зад себе, но никогаш не треба да се отпишува.