„Алекса Переира, дали сè уште сакаш да се бориш? Имам чувство дека си готов“

Преговорите меѓу Магомед Анкалаев и Алекс Переира за реванш за титулата во полутешка категорија на УФЦ, наводно, се заглавени.

Веднаш откако Анкалаев го симна Переира од тронот на УФЦ 313 за да стане нов шампион во полутешка категорија, тој изјави дека реваншот е најверојатниот следен чекор. Рускиот шампион тогаш изрази желба повторно да се бори со „Поатан“ во август, но повредата на Переира го стави тој датум во прашање.

Сепак, Анкалаев дополнително ги заинтригира фановите кога навести дека локацијата би можела да биде Чикаго, објавувајќи неколку криптични пораки поврзани со „Ветровиот град/ The Windy City “ (прекарот на Чикаго).

Реваншот се уште не е договорен, а Дагестанецот тврди дека тоа е поради неодлучноста на Переира… Уште повеќе, навести дека Бразилецот ја загубил волјата за спортот и ќе се пензионира. Анкалаев се огласи на социјалните мрежи за да му објави на Переира:

„Алекса Переира, дали се уште сакаш да се бориш? Се чувствувам како да си готов“, напиша Анкалаев на платформата Х.

Иако Переира има 37 години, нема знаци дека размислува за пензија. Бразилската ММА ѕвезда моментално е во Јапонија, но на навивачите им порача дека наскоро се враќа на тренинзите.

„Наскоро се враќам на тренинзите. Утре патувам, но веќе утре ќе тренирам, чама“, напиша Переира на својата приказна на Инстаграм. Ништо не коментираше за реваншот со Анкалаев..

Переира беше предводник на минатогодишниот настан на Меѓународната недела на борби (IFW) во мечот против Јиржи Прохаска, откако Конор Мек Грегор се повлече од борбата со Мајкл Чендлер само две недели пред настанот.

Сега, фановите стануваат нетрпеливи за овогодинешниот настан на ИФВ, закажан за 28 јуни, бидејќи сè уште не се потврдени никакви борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON