Тајсон Фјури откри кого го смета за „убедливо најталентираниот тешкаш во светот“, а тоа не е Александар Усик

Поранешниот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, го шокираше боксерскиот свет на почетокот на годината кога објави крај на кариерата, само неколку недели откако вторпат по ред загуби од Александар Усик.

Првиот пораз „Кралот на Ромите“ го доживеа во мај минатата година кога загуби од Украинецот во мечот за апсолутниот светски шампион во тешка категорија, а потоа шест месеци подоцна и во реваншот.

Усик го зацврсти статусот на најдобар тешкаш во својата генерација со уште една победа над лутиот ривал Фјури, откако претходно ги победи Ентони Џошуа и Даниел Дубоа.

А во едно интервју Фјури откри кој, без разлика на поразот, сепак е најталентираниот тешкаш во светот за него, а не е непоразениот украински борец.

„Би сакал повторно да го видам Џеред Андерсон, тој треба да се врати во друштво на најдобрите. За мене тој се уште е убедливо најталентираниот тешкаш во светот“, рече Тајсон Фјури и продолжи:

„Но понекогаш талентот не е доволен. Поразот во мечот од Мартин Баколе е добро предупредување. Талентот едноставно не помага ако брзате во борба за која не сте подготвени“.

„Риал биг бејби“ имаше победничка серија од 17 борби до настанот во Лос Анџелес минатиот август, кога загуби со нокаут во петтата рунда од Конгоанецот Мартин Баколе.

Андерсон се врати во рингот во февруари кога со едногласна одлука го победи Мариос Кољас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON