Марко Димитријоски освои сребро, Емилија Паскоска бронза на Европскиот џудо куп во Сараево

Македонските џудисти освоија две одличја на Евроспкиот куп за (У-15) во Сараево, Босна и Херцеговина. Марко Димитријоски од Пролетер освои сребрен медал во категоријата до 46 килограми, а Емилија Паскоска од „Миоки“ бронза во категоријата до 44 кг.

Во возрасната група помлади пионери, Џени Димитријоска (до 44 кг) освои бронзен медал, а Виктор Стојаноски се пласира на петтата позиција, и двајцата се членови на Пролетер.

Овие резултати се надеж за нова силна генерација џудисти кои ќе ја зацврстат репутацијата на Македонија.

На Европскиот куп во Сараево настапија 258 џудисти и 124 џудистки од 99 клуба од 17 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON