Утре почнува Првата и Младинска бокс лига на Македонија. Првото коло ќе се одржи во Штип, а технички организатор е БК Фамилија Демирови.
Ќе потсетиме дека 1.коло требаше да се одржи на 16 март, но поради трагичните настани во Кочани беше одложено.
Мерењето е закажано во салата на ОУ „Тошо Арсов” во населбата „8 Ноември“ со почеток од 10 до 11 часот, а борбите почнуваат во 13 часот.
По новиот систем на пријавување паровите се определуваат порано.